Поранешната голема надеж на битолскиот фудбал, Мартин Мирчевски, ова лето се реши за интернационална кариера, и дресот на Беласица го промени со оној на Трепча 89, каде бележи одлични партии и веќе постигна четири гола.
Младиот 21-годишен плејмејкер, Мартин Мирчевски ќе ја зголеми македонската колонија во Косово, откако потпиша договор со Трепча до крајот на сезоната. Битолчанецот им се придружи на Гуцев и Бујчевски, кои минатата недела го ставија потписот на договорот со овој амбициозен проект.
Македонскиот фудбалски тренер Зекирија Рамадани е именуван за нов тренер на косовскиот прволигаш Трепча 89. Во минатото Рамадани седеше и на клупата на Шкупи, а работеше и во албанскиот Фљамуртари. Доаѓањето на Рамадани во лидерот Трепча го потврди претседателот на клубот Абедин Зека.