Екипата на Победа остана на првото место на табелата во ВМФЛ-Исток со денешниот триумф на домашен терен против Пехчево со 2-0 и математички се врати во елитата. Некогашниот шампион и победник на Купот ќе игра во Првата лига од следната есен, што е кам-бек по половина деценија. Разликата со третопласираната Слога е недостижна – четири бода, а иако Беласица е на три бода, сепак при ист број на бодови прилепскиот тим е прволасиран, бидејќи е подобар во меѓусебниот скор.