Отворија бавно и не атрактивно, но завршија супер-возбудливо. Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и Ренова го одиграа најатрактивниот и најнеизвесниот натпревар од последното коло од есенскиот дел од ПМФЛ. На крај, гостите од Џепчиште е радуваа на голема победа од 2-3, во натпревар во кој првиот дел речиси и ништо да не ветуваше, но затоа во вториот кога картите се отворија, во Ѓорче гледавме вистинска фудбалска борба. Ќатип Османи го доби тактичкото надмудрување со помладиот Жикица Тасески и неговата Ренова со голема победа го завршува не така позитивниот есенски дел од сезоната.