Победа веќе е во голема пролетна криза, а Силекс е хит во Првата лига. Кратовчани славеа на „Гоце Делчев“ со 1-4 (0-1) во дуелот од 21. коло, со што го потврдија добриот момент во февруари. Во домашниот тим почнаа странците Дадет и Хани, а играта ја организираше Бесник Ферати. Силекс одговори со тимот кој имаше одличен пролетен старт, со Николиќ, Милосављевиќ и Турчин во главна улога, а подоцна и со дебитантот Катаниќ. Токму засилувањето до Младост ГАТ, 27-годишниот Александар Катаниќ со три гола во краток временски интервал го реши натпреварот и остави трага во мак-фудбалот.