Прволигашот Македонија Ѓорче Петров претстави уште едно засилување во зимскиот трансфер период. „Лавовите“ во пролетниот дел од сезона на ПМФЛ ќе бидат посилни со услугите на поранешниот младински репрезентативец, Јован Попзлатанов.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ќе одиграат пријателски натпревар со ЦСКА Софија во рамките на подготовките за пролетната полусезона. Средбата ќе се одигра во Анталија, а ќе биде реприза на летниот двомеч во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Од Бугарија пристигна нова провокација. Откако во вторникот навивачите на Пирин од Благоевград бараа да не се одигра контролниот натпревар со Скопје, денес исто барање за вето имаат и приврзаниците на ЦСКА Софија.
Македонија Ѓорче Петров го засили својот тим со искусно име. Нов член на „лавовите“ е Драган Стојков, кој доаѓа во Скопје по една сезона во Тиквеш. Струмичанецот кој настапува на позицијата дефанзивен играч за врска е второ ново име во таборот на Македонија Ѓорче Петров, по доаѓањето на Андреј Јаго од Бразил.
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП забележа победа на контролните натпревари на кои ја темпира формата за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со победа го затворија Арена Купот кој се одигра во Хрватска. „Лавовите“ беа подобри од Арсенал Тиват со 4-3 (3-1) во последниот меч од групата.
Екипата која што прва ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров, го одигра првиот контролен натпревар.
Македонија ЃП остана без еден од заштитните знаци на клубот, затоа што Боби Божиновски реши да ѝ стави крај на играчката кариера и да се насочи кон тренерството.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров се вратија на победите по три кола во ПМФЛ, па славеа со 1-3 (0-2) кај Силекс. Во последната есенска рунда, 18-та сезонава, „лавовите“ до победа ги водеше капитенот Филип Мишевски кој постигна хет-трик.
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров гостувањето кај Силекс го отворија со два погодоци во домашната мрежа. По погодениот пенал, вистинска мајсторија изведе Филип Мишевски.
Силекс против Македонија ЃП ќе го игра последниот лигашки натпревар за 2022 година. Во име на кратовчани средбата ја најави тренерот Горазд Михајлов кој посакува дисциплиниран натпревар, затоа што против себе ќе има квалитетен ривал.
Екипата на Шкендија го продолжи чекорот со водечките екипи во мак-фудбалот, со гостинска победа кај Македонија ЃП (1-3). Тренерот Ќатип Османи беше задоволен од изданието на екипата и кажа дека ваква Шкендија сака да гледа и во натпреварите кои следат.