Поранешниот европски првак и шампион во српската Суперлига во последните две сезони, Црвена Звезда се квалификува во следното коло од квалификациите на Лигата на шампионите. „Црвено-белите“ на Милојевиќ ја совладаа екипата на Судува со 2-1 (2-0) и по оние 0-0 во Литванија, се изборија за двомеч против Хелсинки.
Херојска завршница на косовски Фероникели, очајно издание на Црвена Звезда, како и возбудливо реми во Луксембург е епилогот од вечерашните натпревари од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот интернационалец, Марјан Алтипармаковски го освои шампионатот на Литванија во својата првата сезона. Напаѓачот, со својот клуб Судува, го симна Жалгирис од тронот и попладнево и математички ја осигура титулата.
Македонскиот напаѓач, Марјан Алтипармаковски, во дерби натпреварот од 24. коло на шампионатот на Литванија беше најдобриот играч на Судува во денешната победа од 5-1 против Тракаи.