Своевремено Рефик Шабанаџовиќ беше клупски другар на Канатларовски, Панчев и Најдоски во Црвена Звезда и директно учествуваше во сите големи успеси на единствениот југословенски европски шампион. Сепак, 54-годишникот, роден во Црна Гора, со големо задоволство се сеќава на периодот минат во Железничар, па дури и смета дека тој тим, воден од Ивица Осим, играл на ниво, ако не и поубаво од Црвена Звезда.