Шкендија во луд финиш успеа да впише уште една победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и останува единствената екипа со максимален број бодови по пет кола во шампионатот, откако Брера денес беше поразена во Штип. На дуелот во Маџари, тетовчани до судиското надополнување имаа негатива против Работнички, но со два брзи гола се изборија за неверојатен пресврт и нови три бода на своето конто.