Екипата на Академија Пандев го одржа официјалниот тренинг пред натпреварот против Зрињски Мостар, дуел кој се игра во рамки на 1. квалификациско коло од Лигата на Европа. „Пандевци“ за првпат во историјата имаат европско лето, па на дождот на Арената „Тоше Проески“ се спремија за истиот. Во мечот се влегува со голем оптимизам и желба за добар европски старт на домашно тло. Натпреварот се игра в четврток од 19:00 часот.