Македонските репрезентативци Кристијан Тошевски и Филип Најдовски приредија изненадување во Лигата на шампионите и со Тирана славеа над Динамо Тбилиси (0-2), со што патуваат во втората квалификациска рунда.
Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите и таму ќе играат против подобриот од натпреварот од мечот меѓу Динамо Тбилиси и Тирана. За албанската екипа се очекува да дебитираат македонските фудбалери Тошевски и Најдовски.
Екипата на Силекс, како и во претходниот дуел со Шиник Јарослав, така и денес во втората контролка во Анталија, против грузиски Динамо Тбилиси одигра со ист резултат од 0-0.
Екипите на Динамо Загреб и АПОЕЛ му се придружија на екипата на Викторија Плзен и се пласираа во финалната фаза за пласман во групите на Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион и екипата која го елиминира нашиот Вардар, Динамо Загреб забележа трета последователна победа и се доближи во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва на „Максимир“ го совлада Динамо Тбилиси со 2-0 (2-0).
Вардар и Динамо Загреб од вечерва знаат дека грузискиот првак Динамо Тбилиси ќе биде противник на екипата која ќе излезе како победник во двомечот на македонскиот и хрватскиот првак. По првите 90 минути во Скопје видливо поблиску се „модрите“ на Крањчар, кои славеа на теренот на скопјани со 1-2.