Од денес до крајот на неделата, бразилската фудбалска репрезентација се наоѓа во Европа, каде ги подготвува двата пријателски меча против Панама и Чешка, први во новата година. Петкратниот светски првак и селекторот Тите се соочуваат со проблеми со повредени фудбалери, па се очекува шанса да добијат млади фудбалери кои или играле малку или воопшто не дебитирале за „кариоките“.