Екипата на Партизан славеше на гостувањето кај Вождовац со 1-2 во средбата од 26. коло на српската Суперлига. На натпреварот во Белград, кој се одигра без публика, долго на семафорот стоеше почетниот резултат, за потоа во седум минути да бидат постигнати сите три. Очекувано на стадионот со вештачка трева на кровот на трговскиот центар во населбата Вождовац не беше лесно да се развие игра.