Партизан направи тренерска смена, но и понатаму има проблеми. Замина Илија Столица, дојде Гордан Петриќ, ама проблемите во играта останаа. Рака на срце, новиот тренер немаше време да ги решава, поради што изданието во Нови Сад не може да се смета како реален параметар за вредноста на тимот, ниту мерило за умешноста на новиот тренер. Сепак, за него беше најважно да ги освои трите бода, успеа и во тоа. Можеби таа победа нема да значи многу за пласманот во Mozzart Bet Суперлигата, меѓутоа доаѓа како добра увертира за европската средба и е големо охрабрување за сите.