Поранешниот играч на Вардар, Дамир Којашевиќ, а сега член на Војводина, на вчерашниот натпревар против Рад постигна гол директно од корнер, кој нè враќа во минатото и нè потсетува на фантастичниот гол на Артим Шаќири исто така директно од корнер, против Англија. Голот на Црногорецот беше водечки за неговиот тим, а на крајот Војводина славеше победа од 0-3.