Македонскиот фудбалер од редовите на Црвена Звезда, Давид Бабунски и покрај тоа што само неколку месеци го носи црвено-белиот дрес е вистинско освежување во српскиот фудбал, а во соблекувалната на белградскиот тим е попознат како „Филозофот“. Тој несомнено е еден од најголемите фудбалски таленти во државата, а веќе подолг период е и еден од ретките спортисти кои ја поддржуваат хуманоста, како една од најголемите човечки особини. Тоа уште еднаш го докажа со својата објава на социјалната мрежа Инстаграм, каде на сите Каталонци им го честита големиот празник, Сан Жорди.