Мехелен

Primary tabs

  • Фудбалер на Мехелен го промаши невозможното, па денес цел свет му се смее!

    Вечерва на натпреварот од белгискиот шампионат меѓу Мехелен и Остенде се случи промашување за антологија, потсмев и најсмешни видео инсерти. Фудбалерот на Мехелен, Астер Вранкс при 0-0 имаше зицер на еден метар од празниот гол.

  • Клупски, па репрезентативен блесок – никогаш не си играјте со „ѓаволите“!

    Важат за европска фудбалска сила од втор ранг, веднаш зад најдобрите пет-шест шампионати, но во одредени периоди на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, клубовите и репрезентацијата играле и главна улога. Белгија како земја со десет милиони жители, сепак има и повеќе од доволно одлична, признанија, трофеи, големи фудбалски имиња да се споредува со најдобрите. Впрочем како може поинаку да се толкува земја со олимписко злато, европска вицешампионска титула, трето и четврто место на Светски првенства, десетина европски финалиња со пет различни екипи. Белгија низ годините и децениите ги менувала блесоците на националните репрезентации и клубовите. Стилот на фудбал е комбинација на континентален фудбал, со најчесто холандско влијание, и островски и физички фудбал. 

  • Андерлехт не може никого да победи, па клубот доведе уште едно големо име

    Стартот на белгискиот шампионат дефинитивно не е по плановите на најтрофејниот белгиски клуб на сите времиња, Андерлехт. Иако новиот проект со Компани и Насри беше најавуван како шампионски, по три одиграни кола, Андерлехт е без победа.

  • Генк го прегази Мехелен за нова белгиска Суперкуп титула

    Шампионот на Белгија новата сезона ја започна исто како што ја заврши старата. Генк е освојувач на Суперкупот на својата земја, откако лесно го совлада Мехелен во финалето со 3-0 (1-0).

  • Второлигашот Мехелен го освои белгискиот Куп, но нема да игра во Лига Европа

    Белгискиот второлигаш Мехелен, клуб за кој во минатото настапувале неколку македонски интернационалци (Ванчо Мицевски, Трајковски, Урдинов), сензационално го освои Купот на Белгија. „Жолто-црвените“ влегоа во историјата на белгискиот фудбал и станаа првиот тим кој не е прволигаш, а го подигнал големиот пехар од Купот.