Португалската Примеира вечерва продолжи со одигрување на два натпревари од 25. коло. Лидерот на табелата и актуелен шампион, Порто, воден од тренерот Серџо Консеисао, непријатно ги изненади своите навивачи и загуби на теренот на Фамаликао со 2-1 (0-0). Со овој неуспех, „змејовите“ утре може да ја загубат лидерската позиција, ако Бенфика на „Да Луж“ ја совлада Тондела.