Бурниот натпревар од ФА Купот, меѓу Виган и Манчестер Сити, во кој „граѓаните“ се неочекувано елиминирани, имаше и свое трето полувреме по неговото завршување. Најпрво Агуеро имаше дуел со домашните навивачи, а нервозата се пресели и на патот кон соблекувалната. Сепак, иако беа меѓу главните актери во настанатите немири на патот кон соблекувалната, Пеп и неговиот колега Кук се обидоа да ги смират зовриените страсти.