Селекторот Игор Ангеловски по ден одмор одржа тренинг пред утрешниот дуел од петтото коло во Лигата на нациите со Естонија. На арената „Тодор Проески“, Македонија ќе бара одмазда за ремито во Талин, а иако без Пандев, Адеми, Димитриевски, нашата селекција е фаворит. Избраниците на Мрме го почувствуваа теренот во Скопје и се припремаа за Естонија. За в недела, Ангеловски на располагање ќе ги има Кире Ристевски и Љупчо Дориев. По овој натпревар, Македонија ќе отпатува за Кипар, каде своите домашни натпревари ќе ги игра Ерменија.