Никој не можеше да замисли дека натпревар за кој што ќе се зборува по изминатото коло во квалификациите за СП во Русија 2018 година ќе биде лесната победа на Германија кај аутсајдерот Сан Марино. Коментарот на напаѓачот на германската репрезентација, Томас Милер, кој изјави дека нема потреба од вакви „аматерски“ средби на сред сезона, беше протoлкуван негативно од фудбалската јавност, па следеше и одговор од портпаролот на репрезентацијата на Сан Марино.