Еден од фаворитите од сенка на Копа Америка, селекцијата на Колумбија лошо го започна овогодинешното издание и одигра само 0-0 против Венецуела, кохја настапува безе неколку стандардни првотимци заради позитивни тестови на ковид-19. Ако на дебито не успеаја да откинат бод против Бразил, фудбалерите на Венецуела вечерва беа борбени, „херметички“ затворени и со „бункер“ издржаа до последниот судиски свиреж.