Името на Лионел Меси со златни букви ќе биде испишано засекогаш во историјата на Аргентина. „Малиот генијалец“ зимава успеа да се закити со светската титула и оттогаш ужива статус на Бог во својата земја.
Оваа година Аргентина конечно успеа да се врати на светскиот фудбалски трон, после повеќе од три децении чекање. Овој успех го искачи Лионел Меси на највисокото скалило во историјата на овој спорт, па сега дури и критичарите го вметнуваат во рангот на „најдобар на сите времиња“.
Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на гала-вечер во Париз ги прогласи најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, а наградите заминаа во рацете на Лионел Скалони и Сарина Вигман.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, откако ја предводеше репрезентацијата до триумф на Светското првенство во Катар минатата година, го продолжи договорот со „гаучосите“ до 2026 година, објави аргентинската фудбалска асоцијација (АФА),
Емилијано Мартинез ја предводеше Аргентина низ турнирот на Светското првенство во Катар со одличните партии. По завршувањето на финалето, голманот на Астон Вила ги провоцираше француските фудбалери, прво на доделувањето на наградите, а потоа имаше и испад при славјето во Буенос Аирес.
По пауза од дваесет години „Златната божица“ која што се доделува на најдобрата светска селекција, се врати во Јужна Америка, но не во Бразил каде што поголемиот дел од јавноста очекуваше пред почетокот на Светското првенство во Катар, туку отпатува за Аргентина – освојувачот на 22. Мундијал.
Емилијано Мартинез е херојот на Аргентина од финалето на Светското првенство (СП) во Катар. Чуварот на мрежата го спаси тимот од пораз од Франција во 121. минута и го доби статусот на национален херој.
Аргентинските фанови продолжија брутално да фаќаат сеир по победата над Франција во финалето на Светското првенство. „Гаучосите“ подобро шутираа пенали и славеа по голема драма во Катар.
Никој не сака да престане да игра за националниот тим, откако Аргентина стана светски првак. По примерот на Лионел Меси, сега и Анхел Ди Марија се предомислува.
Фудбалското Светско првенство заврши на спектакуларен начин, со неверојатно финале меѓу Аргентина и Франција, кое го добија „гаучосите“ по изведувањето на удари од 11 метри. Очекувано, Французите беа незадоволни, па по мечот имаа критики.
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал зборуваше за изминатото фудбалско Светско првенство. Шпанецот откри дали ги гледал натпреварите, а доби и незгодно прашање да одбере кој е подобар, Диего Марадона или Лионел Меси.
Емилијано Мартинез е еден од хероите на Аргентина во остварување на сонот на Лео Меси и „гаучосите“. Одличниот голман имаше блескав шампионат во Катар, но и многу испади поради кои доби многу критики.
Светскиот фудбал доби нов владетел во името на Аргентина. Еден од играчите кои ја донесоа победата беше Пауло Дибала, кој иако немаше голема улога на турнирот, беше одбран да шутира пенал во финалето. По натпреварот, играчот на Рома изнесе интересна информација, откако откри кој му кажал како да шутира.
Поранешниот француски репрезентативец Адил Рами со објава на Инстаграм го навреди Аргентинецот Емилијано Мартинез, најдобриот голман на Светското првенство во Катар, каде Аргентина го освои првото место.
Во неделата заврши едно од највозбудливите и најнеобичните Светски првенства во историјата. Популарната „Златна божица“ заврши во рацете на Лионел Меси и „гаучосите“, откако во спектакуларно финале со шест голови, по изведувањето на пеналите совладана беше селекцијата на Франција.
Поранешниот капитен на аргентинската репрезентација, Хавиер Занети одби да го споредува Лионел Меси со неговиот „претходник“ Диего Армандо Марадона. Сегашната ѕвезда конечно влезе меѓу легендите со трофејот од Мундијалот во Катар, па поради тоа почнаа разговорите за кој бил поуспешен.