Во претпоследното коло од групата Б за пласман на Светското првенство во Русија, репрезентациите на Швајцарија и Португалија славеа очекувани победи и ја продолжија мртвата трка за освојување на првото место. Швајцарците пред решавачкиот натпревар во Португалија имаат предност од три бода и во игра ќе им биде и нерешен резултат, за разлика од Португалија која ќе мора да брка единствено победа, доколку сака директен пласман на Светското првенство.