Погледот кон табелата за навивачите на Евертон остава само трошка надеж, затоа што пред ова дерби јасно е дека „карамелите“ немаат многу големи шанси да го расипат расположението кај соседите, иако тоа знаеле да го направат во минатото.
Јирген Клоп одлично ја темпира формата на својата екипа. Ливерпул во вториот дел од сезоната игра одлично. Од почетокот на 2022 година има само еден пораз и тоа безболен – 0-1 од Интер во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, но по победа од 2-0 во Милано.