Вицешампионот на Јужна Америка, селекцијата на Перу е првиот полуфиналист, откако во натпреваро со „отворен гард“ во Гојанија, го совлада незгодниот Парагвај по изведувањето на пенали со 4-3, откако натпреварот по деведесет минути заврши 3-3 (2-1). Со овој успех Перуанците може во полуфиналето пак да се сретнат со Бразил, со кој играа во групата, и против кој го загубија финалето во Рио Де Жанеиро пред две години.