Се сеќавате ли кој аргентински фудбалер последен постигнал хет-трик за националната репрезентација? Секако тоа е Лео Меси, кој за „гаучосите“ постигна шест хет-трика, последниот со Хондурас пред стартот на Мундијалот минатата година. Сепак, ниту еден негов хет-трик не е реализиран во едно полувреме, а таков подвиг му појде од рака на Лаутаро Мартинез. Младиот фудбалер на Интер учествуваше со три гола во победата од 4-0 (4-0) на составот на Скалони против Мексико.