Златко Далиќ ја водеше Хрватска до втор медал во низа на Светските првенства. По среброто во Русија во 2018 година, следеше бронзен медал во Катар и повторување на успехот од 1998 година. По победата над Мароко (2-1), селекторот не ги криеше емоциите, а триумфот му го посвети на Чиро Блажевиќ, човекот кој го освои првиот медал со „коцкестите“.