Полемиките од неделното дерби меѓу Јувентус и Милан се минато. Кристијано Роналдо се извини за претераната реакција кога тренерот Маурицио Сари го замени, а на првиот следен натпревар постигна три гола за португалската репрезентација. По завршувањето на натпреварот, кој европскиот првак го доби со 6-0, Роналдо беше во центарот на вниманието.