Казахстанскиот репрезентативец Руслан Валиулин, член на Тобол, е во центарот на скандал што ги потресе квалификациите за Светското првенство. Имено, на први септември, Валиулин одигра квалификациски натпревар за својата земја против Украина и постигна гол за 2-2 во 96. минута, иако кон средината на август доби позитивен тест за дрога при допинг контрола.