Најтрофејниот македонски фудбалски колектив, Вардар, одново „заглави“ во големи проблеми, пред сè финансиски. Незадоволството кај фудбалерите е големо, дел од нив најавија заминувања доколку не се подобри ситуацијата, додека други најавија дека ќе останат верни и дека до крај ќе се борат за „црно-црвениот“ дрес.