Во натпревар кој нема никогаш да се заборави, Македонија ја совлада Грузија во Тбилиси, а Ангеловски го надмудри Вајс со шаховско второ полувреме во кое Македонија, наместо да се брани, „удри“ по напад и ја надигра домашната селекција. Над сите можности, со максимално почитување меѓусебе и спроведување на стратегијата Македонија го исполни сонот чекан три децении. Фудбалерите и стручниот штаб од вечерва се вечни во нашата спортска историја.