На 12 ноември, пред точно пет години, фудбалската селекција на Македонија отвори нова страница во својата историјата, односно ера на чело со домашен селектор. Во тој период Македонија беше речиси на дното во европскиот фудбал, даруваше бодови каде ќе стигне, котираше ниско на ФИФА ранг-листата и под водство на Љубинко Друловиќ одигра катастрофални квалификации, кои за наша среќа многу брзо ги заборавивме.