Репрезентацијата на Македонија по добро ќе ја памети оваа чудна 2020 година, бидејќи преку финалето на Лигата на нациите и победата кај Грузија (0-1) за првпат се пласира на едно Европско првенство. Натпреварот кој ќе биде засекогаш запишан во аналите на македонскиот фудбал беше посебен, доби завршница каква што посакувавме, а коментаторот на Македонската радио телевизија, Тони Стојановски се погрижи и фановите крај малите екрани да ја почуствуваат „магијата“ од Тбилиси.