Подобрата втора половина од пријателскиот натпревар со Белорусија, македонската репрезентација го круниса со водство во 40. минута. Кире Ристевски додаде до Спировски, а фудбалерот на Вардар со удар со надворешниот дел од копачката со десната нога, ја погоди мрежата на Хутар и ги доведе момците на Ангеловски во водство (1-0). Белорускиот голман беше покриен, не го виде ударот навреме и не стигна да интервенира.