Македонската фудбалска селекција врза две победи во низа, откако по квалификацискиот меч за СП против Лихтенштајн, денес славеше и против Белорусија (3-0). И на двата дуели нашата мрежа остана чиста, а затоа голема заслуга има нашиот голман Столе Димитриевски, кој особено вечерва имаше низа одлични интервенции.