Од генерацијата предводена од Мик Мекарти како селектор на Светското првенство 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, дури седум селектори не успеаја да ги однесат „зелените“ на најголемиот планетарен турнир, а нема ниту осмиот - Стивен Кени. Покрај тоа, поранешниот селектор на младата репрезентација на оваа земја има најлош учинок од сите негови претходници во последните педесет години (1-9-6), но колку што е до него, толку е и до тимот во кој веќе нема играчи од светска класа.