Во вториот меч од групата Ц, Австралија се надева на чудо и на висока победа над Перу, а од друга страна ќе очекува услуга од Франција, која ќе мора да ја победи Данска. Јужноамериканците немаат никакви шанси за нокаут-фаза, па ќе играат за своите фанови кои во огромна бројка пристигнаа во Русија, за да им дадат поддршка.