Фудбалската селекција на Колумбија блесна во вистински момент и со победа над Сенегал како првопласирана обезбеди место меѓу 16-те најдобри на Светското првенство во Русија. Јужноамериканците бркаа позитива против африканскиот тим, а голема победа им донесе фудбалерот на Барселона, Мина, откако во 75. минута со глава ја затресе мрежата на Н'даје. Со овој пораз фудбалерите на Сенегал се простија од Мундијалот, со четири бода, исто колку и Јапонија, но на крај им пресудија жолтите картони (6).