Фудбалската селекција на Бразил е шестиот патник во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, откако по блескаво издание и атомски фудбал со убедливи 4-1 (4-0) совладан беше составот на Јужна Кореја. Така, светскиот шампион од 2002 година повторно е меѓу осумте најдобри на еден Мундијал, а за место во полуфиналето ќе се бори со Хрватска, која што по пеналите ја елиминира Јапонија.