Eкипата на Атлетик Билбао е последниот патник во осминафиналето во Купот на Кралот. Тимот од Примера ја потврди улогата на фавориот и на вечерашното гостување кај Елденсе извојува сигурна победа од 1-6 (0-2).
За време на викендот беше одигран сомнителен натпревар, кој им падна во очите на многумина, а тоа е победата на Барселона Б против Елденсе од неверојатни 12-0 во шпанската трета лига.
Денес голема прашина крена убедливата победа на Барселона Б над тимот на Елденсе. Вториот тим на каталонскиот гигант славеше со резултат од 12-0, а по завршувањето на мечот поразената екипа се повлече од првенството.