Секоја чест за Австријците за двете победи во групната фаза на натпреварувањето, а особено за онаа над Украина во третото коло, која што ја извојуваа на прилично безбеден начин, но сметаме дека ова е крај на нивниот пат на Европското првенство. На „азурите“ сигурно не им се допадна тоа што мораат да го заменат Рим со Лондон затоа што беа брилијантни на „Олимпико“, но доколку сакаат да направат голем резултат, тогаш мора да продолжат да пружаат партии на највисоко можно ниво.