Белгија

Primary tabs

  • „Интеристите“ Лукаку и Шкрињар ги спасија Белгија и Словачка

    Прворангираната селекција на ФИФА-листата, Белгија, не успеа да го продолжи победничкиот чекор во квалификациите за Светското првенство (СП) и одигра реми (1-1) на гостувањето кај разиграната Чешка.

  • Силната Белгија е пред вистински тест во Прага

    Квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, Белгија  ги отвори со победа над Велс, а за тоа време Чешка беше убедлива против слабата Естонија. Второто коло носи пресметка на Белгијците со Чесите, кои важат за главни фаворити во групата во која од „сенка“ чека и Белорусија. Секако, Белгија по сите параметри е проектирана за првата позиција и директен пласман во Мундијалот, но избраниците на Јарослав Шилхави ќе се обидат да ѝ ја отежнат работата и веќе во раната фаза на квалификациите да се наметнат.

  • Белгија по одмазда за четвртфиналната елиминација од 2016 година

    Поразот од Велс сè уште го паметат. Во осминафиналето на Европското првенство во 2016 година совладана беше Унгарија со 4-0 и се сметаше дека таа генерација може да направи нешто големо. Шпанците и Англичаните веќе испаднаа, се знаеше дека ќе мора и Германците или Италијанците. И пред Белгија, најдобриот Велс. Целосна доминација во првиот половина час од натпреварот, гол предност, но потоа сè се распадна. Велшаните славеа со 3-1, а сонот на Белгијците за титулата се распадна.

  • Каков кикс - Чадли си даде бизарен автогол поради Тибо Куртоа

    Фудбалерите на Белгија го добија дуелот со Данска (4-2) и завршија на првото место во групата 2 од Лига А. Иако „ѓаволите“ на Мартинез одиграа добар меч, Данска еднаш успеа да израмни (1-1), а потоа беше виден и комичен автогол кој даде надеж (3-2).

  • Лукаку ја израдува Белгија, Италија сигурно до плеј-оф во ЛН

    Фудбалската репрезентација на Белгија славеше над Данска (4-2) во дербито во групата 2 и патува во плеј-офот од Лигата А во Лигата на нациите на УЕФА.

  • Данска нема лесно да одолее на „ѓаволскиот“ напад на Белгија

    Борба за првата позиција во групата 2 во Лига А во Лигата на нации. Белгија в среда од 20:45 ќе ја угости Данска со намера да ѝ нанесе уште еден пораз, затоа што пред нешто повеќе од два месеци ја совлада на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Реми исто така би им било доволно на „црвените ѓаволи“ да го осигураат првото место во групата.

  • Белгија без мака ја реши Англија и ја остави без шанси за плеј-оф во ЛН

    Фудбалската селекција на Белгија го доби клучниот натпревар во групата фаза од Лигата на нации и со победата од 2-0 ја исфрли Англија од борбата за првото место во групата 2 од најсилната лига во Лигата на нации. 

  • Ниту тројца голмани не го бранеа перфектниот слободен на Мертенс против Англија

    Фудбалската селекција на Белгија има сигурно водство од 2-0 во големото дерби во Лигата на нации против Англија. 

  • Брисел е неосвоива тврдина, може ли „Гордиот Албион“ до подвиг?

    Отсуството на Еден Азар поради вирусот корона беше сериозен психолошки удар за селекцијата на Роберто Мартинез, но Белгијците имаат голем број на квалитетни играчи кои можат да го заменат капитенот. Во секој случај, „црвените ѓаволи“ ја држат ситуацијата под контрола во нивната група од Лигата на нациите. Имаат два бода повеќе од Англија и Данска и решавачки натпревари против директните ривали за првото место ќе ги играат на свој терен.

  • Време е Белгија да го освои и култниот „Вембли“

    Кога еден пар го сочинуваат третопласираниот и четвртопласираниот на последното Светско првенство, јасно е дека нѐ очекува еден возбудлив и неизвесен дуел. Пред две години и три месеци Белгијците го добија меѓусебниот дуел за „бронзата“ во Русија (2-0). И не само тоа, две седмици претходно славеа над истиот ривал и во мундијалската група (1-0), со што стекнаа солидна психолошка предност за некои неодамнешни пресметки. Меѓутоа, Англичаните на свој терен обично излегуваат на крај со „црвените ѓаволи“, па и самите имаат доволно причини за оптимизам, иако гостите се однесуваат баш онака како што им е прекарот – „ѓаволски“.

  • Изгледот на Азар поради кој се лути во Реал и Белгија

    Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид беше едно од промашувањата во минатата сезона. Белгискиот ас, кој требаше да биде прва ѕвезда во дресот на мадриѓани, разочара со формата и физичкиот изглед од кој беа изненадени сите.

  • Фридјонсон ги насмеа сите со неверојатниот гол во Брисел

    Репрезентацијата на Исланд одлично ја отвори средбата и поведе на гостувањето кај Белгија, ама домаќинот бргу се врати и го сврте резултатот. 

  • Данска е првиот предизвик на моќната Белгија во ЛН

    Третопласираната репрезентација од Мундијалот во Русија 2018 година – Белгија – е во најтесен круг на фаворити во второто издание на Лигата на нациите. „Црвените ѓаволи“ го започнуваат натпреварувањето со гостување во сабота (20.45) против Данска на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во првиот меч од Групата 2 од најјаката А дивизија под покритие на УЕФА.  Селекторот Роберт Мартинез не експериментираше многу. Носители на играта остануваат Кевин Де Брујне, Еден Азар, Ромелу Лукаку и голманот Тибо Куртоа. Не се повикани напаѓачите Мишу Батшуаји и Кристијан Бентеке поради слабите сезони во клубовите, додека искусниот стопер Томас Вермален го нема во тимот бидејќи игра во Јапонија. Мартинез процени дека далечен пат ќе го измори ветеранот, па е надвор од овој собир на националниот тим. За мечот со Данците неизвесен е Кевин Де Брујне. Нему му следуваат денови на поштеда од селекторот бидејќи доби и трето дете. Сепак, и без одличниот играч за врска на Манчестер Сити, Белгијците се фаворити на стартот од Лигата на нациите. 

  • ОФИЦИЈАЛНО: Мартинез останува селектор на Белгија до 2022 година

    Селекторот на Белгија, Роберто Мертинез, официјално го продолжи догорворот и ќе остане на функцијата до 2022 година.

  • Maртинез доби нов договор, ќе ги води „ѓаволите“ и на СП во Катар

    Долго време им требаше да посегнат по странец во улогата на селектор, но кога Белгијците се одлучија за предводник од Шпанија, не погрешија. Селекторот на „црвената фурија“ Роберто Мартинез целосно го врати сјајот на оваа фудбалска селекција, а како награда за тоа ќе го продолжи договорот до 2022 година.

  • Клупски, па репрезентативен блесок – никогаш не си играјте со „ѓаволите“!

    Важат за европска фудбалска сила од втор ранг, веднаш зад најдобрите пет-шест шампионати, но во одредени периоди на седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век, клубовите и репрезентацијата играле и главна улога. Белгија како земја со десет милиони жители, сепак има и повеќе од доволно одлична, признанија, трофеи, големи фудбалски имиња да се споредува со најдобрите. Впрочем како може поинаку да се толкува земја со олимписко злато, европска вицешампионска титула, трето и четврто место на Светски првенства, десетина европски финалиња со пет различни екипи. Белгија низ годините и децениите ги менувала блесоците на националните репрезентации и клубовите. Стилот на фудбал е комбинација на континентален фудбал, со најчесто холандско влијание, и островски и физички фудбал. 

  • Азар опериран, под знак прашалник настапот на ЕП

    Најскапото летно засилување на Реал Мадрид (сто милиони евра), Еден Азар неславно ја заврши првата сезона во дресот на шпанскиот гигант.

  • „Азар ќе биде надвор од терените три месеци“

    Еден Азар, најскапото летно засилување на Реал Мадрид, викендов повторно се повреди и според најавите сезоната за него е завршена. 

  • Де Брујне револтиран: Ова е лажно првенство!

    По комплетирањето на квалификациите за Европското првенство идната година, на 30 ноември ќе се одржи жрепката за групната фаза од натпреварувањето. Поради фактот што ќе се игра во 12 различни земји и пожелно е секој од домаќините да одиграат по некој меч пред своја публика костурот на групите е веќе познат.

  • Белгија игра спектакуларно, со шест гола го декласира Кипар

    Репрезентацијата на Белгија во последното коло од квалификациите за Европското првенство 2020 година, славеше над репрезентацијата на Кипар со 6-1 и потврди дека е селекција со најубедлив впечаток во овој циклус. Белгија со оваа победа стана втората репрезентација, по Италија, која во овие квалификации кои ги победила сите десет натпревари. Одличен доказ за добрата игра на Белгијците, освен максималниот учинок е најдобра гол разлика со неверојатни 40 постигнати и само три примени погодоци.  

Pages