Италија е освојувач на третото место на завршниот турнир во Лигата на нации. Актуелниот европски првак на домашен терен во Торино ја надигра Белгија (2-1) и славеше во „малото финале“. „Аѕурите“ настапија без казнетиот Бонучи, но и без Кјелини, а на клупата за резервни фудбалери останаа Верати, Жоржињо и Инсиње. Мартинез му даде слободен ден на Лукаку, а Де Брујне почна од клупата за резервни фудбалери.