Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, мораше да менува во вториот дел и принудно од игра го повлече Дарко Велковски. Стоперот со болна гримаса го напушти теренот, се посомневавме во повреда, меѓутоа, се работи само за замор, потврди предводникот на А-тимот.