Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, претрпе многу критики и уште поголема количина на шеги на своја сметка по Европското првенство на кое неговите избраници не се прославија. Екипата која на претходниот Мундијал беше втора во светот во групата се мачеше со Англија (пораз), Чешка (реми) и Шкотска (победа), а во следната рунда одигра возбудлива партија против Шкотска – водеше со - 10, па губеше со 1-3, за на крај да изедначи и да потклекне во продолженија (5-3). Но, Далиќ без разлика на сите работи остана на клупата и пред него и „ватрените“ е нималку лесна задача преку која треба да ја вратат довербата кај нацијата.