Првата репрезентација на ФИФА ранг листата, Белгија, славеше на домашниот дуел со Чешка (3-0) и направи нов чекор кон пласман на Светското првенство во Катар. Ромелу Лукаку во раната фаза го отвори резултатот, а Еден Азар пред паузата ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот белгиската репрезентација доминираше и добриот настап го зачини со трет погодок во гостинската мрежа.