Прогнозите на фудбалските аналитичари се остварија и Германија и Швајцарија одиграа ефикасен натпревар со шест постигнати гола, но на изненадување на сите, не и победа на домашната селекција (3-3). Момците на Владимир Петковиќ оставија одличен впечаток во Келн и судејќи по настаните на натпреварот и нивната игра, можат да жалат што не ги грабнаа трите бода, затоа што имаа водство од 0-2, па и 2-3, но на крај не успеаја да се одбранат од налетите на домаќините.