Многумина ја потценија репрезентацијата на Унгарија пред две години кога се пресели од Ц во Б дивизијата од Лигата на нации. Многумина во групата со Србија, Турција и Русија, ја окарактеризираа како најслаба од споменатите три, но селекцијата на Марко Роси успеа да ги изненади сите, па на крајот заврши како лидер, и сега ќе има можност да ги одмери силите со некои од најдобрите селекции во Европа. Поточно со Англија, Италија и Германија, противници во групата Ц од елитната дивизија на Лигата на нации.