Бугарија и Италија немаат налетано една на друга уште од 2015 година, односно од квалификациите за Европското првенство во Франција. Тогаш нивната пресметка на овој ист терен заврши без победник (2-2), додека „азурите“ половина година подоцна славеа во Палермо со 1-0 со пенал досуден уште во шестата минута (стрелец беше Даниеле Де Роси, кој пред неколку дена се приклучи на стручниот штаб на репрезентацијата). Италијанците на последниот европски собир се пласираа како први во групата и дојдоа до четвртфиналето, во кое доживеаја елиминација од Германците по пенали. Бугарите ги завршија квалификациите на четвртото место, зад Хрватска и Норвешка, што, да бидеме искрени, се очекуваше.