Фудбалската репрезентација на Холандија видно ослабена ќе настапи на претстојниот континентален собир, кој ова лето ќе се одржи ширум Европа. „Лалињата“ како и пред секој голем настан, така и пред ова Европско првенство се сметаат меѓу фаворитите за највисок пласман, но денес, Франк Де Бур доби лоши вести поврзани со својот столб на одбраната.